Во меѓувреме честитки испрати и екс премиерот Зоран Заев

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски изрази огромна благодарност и честитки до пратениците кои денеска во Собранието ги изгласаа заклучоците за европскиот предлог.

-Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата. Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните.

Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлук, порача Ковачевски на неговиот Фејсбук профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page

error: Content is protected !!