Вчера беше во посета на Република Северна Македонија, доби аплауз од владиното мнозинство во Собранието, а доби пораки од опозицијата и негодување со свирче од лидерот на Левица.
Доби аплауз токму во моментот кога кажа дека македонскиот јазик е наш јазик.
А денес го повтори својот став на Твитер
Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа, твитна Урсула Фон дер Лајен.