Храброста што ми ја дава дека е живо ткивото македонско е кога ќе видам обичен граѓанин кој излегол, а кој сака да види дека се бориме за државата. Убаво е да видиме дека излегол и претседателот на МАНУ излегол на протест, професори, доктори. Не е убаво што министри и цицале од државата ги нема никаде на протести. Но пак ќе повторам, доста и е на Македонија од овие фаци.

Овие новиве, убавите луѓе и се потребни за да си ја оправиме државата. Не ни требаа кваази интелектуалци. Кога Ковачевски правеше широки консултации, со кој правеше консултации, па половина од нив гласот дома не им се слуша во семејството, а не да ни кажуваат или одобруваат предлози од кои зависи иднината на државата.

Комуникологот Никола Тасев смета дека со ваква политика, СДСМ ќе изгуби на следните избори.

Тој вели дека на нив им е важно да купуваат ден за ден, за да можат уште некој месец, година дена да останат на власт. Они ќе се обидат да го избуткаат предлогот, тие имаат ветено тоа да го сторат, вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page

error: Content is protected !!