Како ли ќе реагира Маск на оваа пресуда

Оваа пресуда е ретка во американското право, особено бидејќи се работи за голема корпорација, пишува Ројтерс. Пресудата доаѓа откако компанијата го тужеше Маск дека се откажува од купувањето, кое беше договорено за сума од 44 милијарди долари, што според нив го прекршува договорот.

Судијка му нареди на најбогатиот човек на светот да го затвори договорот за купување на социјалната мрежа Твитер.

Маск претходно се откажа од купувањето откако не успеа да ја натера компанијата да му покаже статистика колку лажни профили има на мрежата, односно дали нивниот број е над 5 отсто. Според Маск, тоа било обврска на Твитер според договорот.

Сега за Маск сѐ е готово. Барем нема да мора да плаќа пенали, кои, според договорот изнесуваа 1 милијарда долари, а ако тужбата беше разгледувана и предметот продолжеше сумата можеше да го банкротира најбогатиот човек на планетата.

Судијката која пресуди се вика Каталин Мек Кормик, прва жена која е главен судија на Канцеларискиот суд. Судела случаи на Вол Стрит и со други големи корпорации.

аа веќе има искуство да не ги толерира некои од најлошите однесувања што ги гледаме во овие области кога луѓето сакаат да излезат од договори (за купување) – рече Адам Бадави, професор по право, специјализиран за корпоративно управување на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

– Таа е сериозна судијка, без глупости – додава тој.

За разлика од дрското и нестабилно однесување на Маск, судијката е позната како мека на говор, пристапна и љубезна, но личност која исто така стои на своето место. Таа се залага за почит меѓу странките и интегритет за време на судењата, пишува Ројтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page

error: Content is protected !!