„Нетфликс“ ја објави листата со филмови за 2022 година и соопшти дека ќе има барем еден нов оригинален филм секоја седмица.

Стриминг-гигантот векендов откри кои филмови ќе бидат достапни и се чини дека фановите ќе има на што да се радуваат, всушност списокот вклучува 86 филмови, од кои 66 се англиски, а останатите 22 се меѓународни филмови од Франција, Индија и Кореја.

Насловите варираат од пулсирачка акција со Рајан Гослинг и Крис Еванс во The Gray Man („Сивиот човек“) или епска научнофантастична авантура со Хали Бери во The Mothership („Мајчинство“). Тука е и продолжението на крими-драмата на Рајан Џонсон Knives Out („Нож во грб“) со Даниел Крег како детектив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page

error: Content is protected !!