Хрватската естрадна ѕвезда Северина на Инстаграм во живо ја искористи приликата на своите обожаватели да им се пожали дека иако овој викенд би требала да биде со синот Александар, за време на католичкиот Велигден, сепак, тоа не било случај.

-Мојата мала љубов, која според некоја привремена мерка припаѓа половина од велигденските празници и понатаму не е со мене. Денеска се точно 30 полни дена како не сум го допрела, прегрнала, погалила по коса, почувствувала и заспала покрај него. Затоа, додека го чекам тој момент, јајцата ги бојадисав како и минатите седум години, колку Велигдени помина со мене – напиша Северина.

Привремената мерка ја донесе судијката од Општинскиот граѓански суд во Загреб. Според таа мерка Северина има право да го гледа синот во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд од сабота од 10 до недела до 20 часот. Со оваа мерка е регулирано и дружењето на мајката и синот во текот на летниот и зимскиот одмор, како и државните и верските празници.

Минатиот месец Северина се пожали дека нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ одлучил заедно со синот да се стават во самоизолација, бидејќи на почетокот на март биле во Австрија. Таа тогаш била во Белград и остана во главниот град на Србија, во куќата на нејзиниот свекор Драган Којиќ Кеба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here