Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат за три и пол денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе биде 45,50 ден/лит.

За 2,5 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена ќе биде 33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната ценатака што во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.

Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

Foto

Тоа придонесе за огромен број на граѓани да заминат на бензинска пумпа и да точат гориво. Имено, во многу градови од државата може да се забележат редици на автомобили кои чекаат ред за да може да го искористат моментот и да наполнат со пониски цени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here