Набавката на 12 нови возила за Итната медицинска помош и 13 нови возила наменети за единицата за домашно лекување во градот Скопје опремени со најсовремена медицинска опрема се дел од инвестициите кои Министерството за здравство ги набави во изминатиот период.

Од Министерството потсетија дека од новите 12 возила за брзата помош шест се распределија во градот Скопје, а останатите шест во Здравствените домови во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и Дебар. Со овие возила, за двојно е зголемен капацитетот на Службата за итна медицинска помош во Скопје.

Тринаесетте возила за Здравствениот дом во Скопје, десет од нив се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на работните единици во оваа установа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here