Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денес дека во следните месеци ќе претстави проект за јакнење на безбедноста во Европа, со оценка дека Европа повеќе не може да зависи исклучиво од САД.

Европа повеќе не смее својата безбедност да ја препушти на САД. Наша обврска е денес да ја преземеме одговорноста и да обезбедиме сигурност, а со тоа и европскиот суверенитет“, им кажа Макрон на амбасадорите во Париз.

Францускиот претседател изрази желба да се почне со „сеопфатно разгледување на овие теми со сите партнери на Европа, значи и со Русија“.

Тој меѓутоа додаде дека значителен напредок во украинската криза и почитување на рамките на Организацијата за европска безбедност и сорабтка ќе бидат „предусловите за да се напредува со Москва“.

„Тоа не би требало да нѐ спречува уште сега да работиме меѓу Европејците и во тоа сметам на вас“, кажа тој на собирот на кој присуствуваа 250 амбасадори.

Макрон кажа дека ситуацијата во Сирија е „алармантна“ и дека сирискиот режим „се заканува да создаде нова хуманитарна криза во областа Идлиб“, последната под контрола на бунтовниците во таа земја.

„Треба да се засили притисокот врз режимот во Сирија и неговите сојузници“ со цел наоѓање политичко решение на конфликтот, истакна Макрон.

Во таа смисла, како што кажа, многу се очекува од Русија и Турција имајќи ги предвид улогите и обврските на тие земји околу Сирија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here