Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун на воената парада по повод 75 години од основањето на владејачката работничка партија се расплака и им се извини на своите граѓани.

Народот ми укажа верба која е висока до небото и длабока како морето, но не успеав да ги направам задоволни. Навистина ми е жал. Иако ми е дадена важна одговорност да ја водам земјата, како што тоа го правеа големите Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил, мојот труд, но и искреноста не беа доволни за нашиот народ да се ослободи од тешкотиите во животот – рече Џонг-ун.

Лидерот на Северна Кореја е контроверзна политичка личност која секогаш е во центарот на вниманието во јавноста.

Нешто што не сте знаеле за Ким Јонг Ун

Англиските медиуми открија дека диктаторот навива за Манчестер јунајтед и ретко пропушта натпревар на овој клуб во Премиерлигата. Оваа информација ја соопштил италијанскиот сенатор Антонио Раци во интервју за „Сан“. Тој тврди дека е близок со Ким Јонг-Ун и дека често разговараат за фудбал.

Според италијанскиот сенатор, северно-корејскиот диктатор верува дека за кратко време неговите сонародници ќе успеат да играат во Премиерлигата. Еден Севернокореец настапува во италијанската Серија Б во екипата на Перуџа и важи за најдобриот фудбалер во својата земја.

Ким Јонг-Ун почнал да гледа фудбал и да станува страствен навивач на Јунајтед во текот на своите студенски денови додека студирал во Швајцарија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here