Денеска на прес-кнференција свое обраќање имаше лидерот на политичката партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. И како по обичај секогаш воведниот дел беше за „плукање“ по власта како апсолутно сѐ што направила е погрешно. Погрешно што до тој степен владата пробала народот да го одведе до „психоза“ како референдумот бил за сменување на идентитетот а не за побрз влез во ЕУ и НАТО. Од друга страна пак на прес-конференциите на владејачката партија, секојдневно се „плука“ за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ја носи земјата во пропаст, како ја уназадува, и секако потсетување на катастрофалното владеење по нивното време. И двете политички партии во своите соопштенија и прес-конференци цело време истакнуваат како народот е со нив, како народот знаел што треба, како народот бил за ЕУ, па не бил за ЕУ, па НАТО, па идентитет па развој па не знам ти што…

Да ви кажам нешто пријатели од двете партии. На народот му е смачено да си играте со него. Народот ве избира за да ја водите нашата татковина напред. Народот ве избира за Македонија да мрдне од мртвата точка на која што се наоѓа 27 години. Народот ве избира за да го средите правниот систем, здравствениот, образовниот и секако економијата да ја подигнете на највиско можно ниво. Граѓаните, почитувани од власта и опозицијата сакаат само мир и нивните деца веќе да немаат потреба да бегаат од својата сопствена земја трагајќи по подобар живот.

Какви лидери сте вие како право?
Христијан Мицкоски ако толку сакаше да ја „спаси“ Македонија од Заев, кога дојде ред да го каже ставот на партијата каде што е лидер тој изјави „слушајте го вашиот разум и срце“! НЕ, НЕ и НЕ!
Дали г. Мицкоски вие воопшто сте свесни колку многу ги разочаравте вашите поддржувачи? Секој лидер треба да има јасен и цврст став за секое прашање и проблем кој се случува во и за нашата држава. Откако се случи дебаклот со референдумот вие денеска „на готово“ излегувате со милион барања што требало да направи Заев! Имате ли право на тоа откако ги оставивте вашите поддржувачи сами и на „цедило“?

Од друга страна пак владејачката партија на чело со премиерот Заев цела една година потроши за решавање на ЕДНО прашање. Јас не викам дека не е важно, но на некој начин после референдумот Македонија дојде до уште полоша позиција од претходно. Ако го тргнеме ова прашање на страна, ветувањата за откупи, разноразни субвенции, нови училишта, градинки, центри за рехабилитација, судови, сѐ некако падна во вода! Да бидам појасна на што мислам: протестите на овоштарите во источна Македонија, ветуваните училишта во Прилеп и прилепско и најинтересното АБЕ НЕЛИ СИТЕ ЌЕ СИ ЛЕЖЕА ВО ЗАТВОР ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА??? ЕДНА ГОДИНА ПОМИНА И УШТЕ СИТЕ СЛОБОДНО СИ ЧЕКОРАТ ПО УЛИЦИТЕ!

Не знам кој го напиша тоа и не е веќе ни важно, само едно да знаете: НАРОД ГЛЕДА! ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ НАРОД И НА ДВЕТЕ ПАРТИИ! ДОСТА ГИ ПОТЦЕНУВАТЕ ГРАЃАНИТЕ И САМО СИ ЈА ПРЕФРЛАТЕ ТОПКАТА ЗА СИТЕ ПРОБЛЕМИ! НИЕ СТРАДАМЕ А ВИЕ СЕ ГРЕЕТЕ ВО УДОБНИТЕ ФОТЕЛЈИ СО ВИСОКИТЕ ПЛАТИ И ПЛАТЕНИТЕ ПАТАРИНИ!

Уште колку години треба да чекаме ЗА ДА ЖИВЕЕМЕ?! ТРЕТА ОПЦИЈА! ДОСТА НИ Е ОД ВАС. ТРЕТА ЧЕСНА И ПРАВИЧНА! А АКО И ТАА „ИГРА“ КАКО ВАС, ЌЕ ДОЈДЕ И ЧЕТВРТА!

До сега за жал ова беше вистина:

„Основниот проблем на македонското општество е неговото кратко сеќавање. Тоа најсилно се одразува на денот на изборите кога граѓаните масовно ги избират истите политички играчи од кои до вчера плачеле“- Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија

ОД СЕГА СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ПЕТАР КОЛЕВ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ВО ПРАВО!

Автор: Елизабета Најдоска Величкова

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here