Интервју со кандидат за пратеник Мухамед Кадриов

Вие сте советник за образование во Општина Чашка. Како се одвивашенаставата во основните училишта во Општина Чашка за време на пандемијата со Ковид 19? Кои беа најголемите предизвици?

Па како и секаде во државата, ги следевме препораките на Министерството за образование за да изнајдеме начин наставата да продолжи електронски оддистанца. На почетокот имаше потешкотии околу организирањето на учениците, кои после неколку дена се надминаа и се течеше како што треба, се со цел учениците да не изгубат многу, да разберат дека секојдневно имаат обврска активно да ја следат наставата од дома, да ги извршуваат дадените задачи и да разберат дека времето кога треба електронски да се вклучат на настава е обврска и нов начин на настава што го заменува присуството во училница.

Сметам дека со оглед на фактот дека требаше бргу да се прилагодиме на новонастанатата ситуација успеавме да останеме на ниво на задачата и да направиме се што е потребно за на учениците да и озоможиме замена за настава во училишните клупи. Исто онолку колку што морам да ги пофалам и наставниците, така и учениците кои успешно се адаптираа и трпеливо ја следеа целата настава од дома, на еден сосема нов и поинаков начин за сите нас.

Покрај вашиот професионален ангажман , вие се наоѓате на листата на кандидати за пратеници во ИЕ3 на СДСМ и коалицијата Можеме, што е тоа што вас ве мотивираше да ја прифатите кандидатурата за пратеник?

Познавајќи ги потребите и проблемите локално, а и проблемите од регионот, преку соработката со други општини и институции, сметам дека како пратеник можам да придонесам истите да се решават со што ќе се подобри и олесни животот на граѓаните на општината и регионот чиј претставник ќе бидам и јас меѓу останатите пратеници од овој регион. Имајќи ги во предвид подобрувањето на целокупната состојба на државата и граѓаните како што сепочетокот на евро интеграцијата, зачленувањето во НАТО како стратешки цели на државата, економскиот раст, обезбедување на мир и стабилност, право за сите граѓани подеднакво, подобрување на стандардот на граѓаните преку добрите социо-економски политики, подобрување на инфраструктуратаво сите сфери за еден краток период, мене ми е особено чест и задоволство да се најдам на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и коалицијата Можеме.

Регионот од каде доаѓате е еден од најживописните во државата и поседува огромен потенцијал за развој на туризмот, воедно во периодот во Општина Чашка се случија значајни инфраструктурни промени . Може ли да ни кажете повеќе за тоа што беше направено во изминатиот период и за тоа што се планира да се направи.

Ќе продолжиме да ги промовираме убавините на регионот кој веќе е доста познат и навистина има потенцијал за развој на селски туризам и планинарење. Со создавањето на подобри услови сметам дека може уште повеќе да се развива овој вид на туризам, со тоа што ќе се појавуваат нови приватни инвеститори кои ќе инвестираат во нови туристички капацитети.Во изминатиот период доста се инвестираше како во патна инфраструктура така и во промоција на регионот – селскиот туризам, и планинарење.

Досега е направена реконструкција на постоечките регионални и локални патишта: Реконструкција на патен правец Населба Чашка – Хидросистем Лисиче; Реконструкција на патен правец Велес – Богомила на територија на Општина Чашка; Изградба на Регионален пат Богомила Гостиражни кој ги поврзува Општина Чашка и Општина долнени; Реконструкција на локален пат за село Горно врановци; Реконструкција на локален пат за село Војница; Изградба на локален пат за село Бусилци; Изградба на локален пат за село Сливник.

Направено е одбележување на неколку пешачки патеки како што се: Пешачката патека до Изворите на Бабуна, до Чеплес и Солунска Глава и од Нежилово до горно Јаболчиште.

Секако дека има сеуште работа во овој дел и ќе се работи без прекин во однос на подобрувањето на целата инфраструктура на територијата на оваа Општина.

Која е вашата порака за граѓаните во однос на моментална состојба со ковид 19?

Најпрвин, би сакал да упатам благодарност до сите мои сограѓани и сите свесни граѓани кои се придржуваат до мерките за заштита на здравјето, за одговорноста и грижата за зачувување на колективното здравје. Знам дека овој период беше тежок за сите нас. Но, во една ваква состојба ние успеавме да покажеме зрелост и способнст како држава да се справи со еден ваков удар , но и успеавме да покажеме дека без разлика на етничката припадност ние бевме и се уште сме еден до друг,се грижиме за своето здравје, но и за здравјето на другите околу нас и ќе проодлжиме да си бидеме безрезервна поддршка со цел што поскоро да излеземе од ваквата ситуација во која се наоѓаме.
Затоа пред се, упатувам апел до граѓаните да продолжат да се чуваат и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита и спречување на заразата.

Какви се вашите очекувања во однос на изборната кампања и парламентарните избори како кандидат за пратеник?

Во однос на изборите кои не очекуваат, сметам дека и граѓаните веќе ја почуствуваа на своја кожа неопходната потреба истите да случат , изборите ни се неопходни за полн легитимитет на законодавната и извршната власт, за целосно функционални институции. СДСМ ќе води здравствено безбедна кампања во согласност со препораките, откажани се сите масовни собири кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните ,а граѓаните ќе бидат наши соборци за европска иднина, за поголема минимална плата , за нови работни места, за посилен здравствен систем. Јас сум сигурен и силно верувам во граѓаните и знам дека нашата изборна единица ќе биде пример за тоа како треба да се спроведат безбедни и демократски избори

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here