– Сум кажаал многу пати и сега еве одговарам на новинарско прашање и повторно кажувам дека СДСМ со коалицијата ќе победи на овие избори.Тоа го заклучуваме од анкетите на кои водиме а и сами гледате како се однесува опозцијата и го одолговлекува соочувањето со граѓаните – одговори Заев на новинарско прашање околу исходот од предвремените избори.

Денеска разговарав со Мицкоски и тој потврди дека е согласен да одиме на избори на 15 јули. Среда, неработен ден, ден за гласање, ден за одлуки, ден за спас на државата од кризата во која влеговме. Понеделник и вторник ќе бидат денови за гласање на позитивни на Ковид-19, оние кои се во самоизолација, и сите болни граѓани. Молкот ќе настапи крајот на денот 12 јули недела. Праќам порака до Мицкоски:

Одговорноста е големо дело. Овој пат повторно СДСМ покажа колку повеќе е одговорна политичка партија во споредба со ВМРО-ДПМНЕ. Никој не смее да помисли да си игра со сопствениот народ. Време е да погледнат надвор и ова решение да го потврдат пред народот. Мицкоски е повикан да одговори и да влезе во демократскиот процес со сите други политички чинители во земјата. Очекувам Мицкоски да потврди дека ќе учествува на изборите во 15. јули. Претседателот Пендаровски ќе треба да прогласи нова вонредна состојба, за да може да се помести денот за гласање, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната пресконференција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here