На темите што преовладуваат во изборната кампања, на улогата на албанскиот фактор во постизборните калкулации за формирање влада, но и на Договорот од Преспа, го ставаат акцентот грчките весници „Катимерини“и „Ефимерида тон синдактон“ во текстовите посветени на изборите кај нас, додека пак „То вима“ го пренесува ставот на професорот од солунскиот Универзитет „Македониа“ и шеф на програмата за Југоисточна Европа во „ЕЛИАМЕП“, Јанис Армаколас, јави дописничката на МИА од Атина.

-На изборите, први што се одржуваат по Договорот од Преспа, по Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, по членството на Северна Македонија во НАТО и по позитивната одлука на ЕУ за почеток на преговори со Европската унија, ќе се избере влада која ќе управува со последиците врз економијата и општеството од кризата со короанвирусот , но и преговорите со Брисел за европскиот тек на земјата, пишува новинарот од „Ефимерида тон синдактон“ во викенд изданието на весникот.

-Следната среда граѓаните на Северна Македонија во период на влошување на епидемиолошката слика на земјата, ќе излезат на гласање за да изберат ново Собрание кое ќе ја одбере Владата, пишува новинарот од „Катимерини“ на почетокот од текстот посветен на изборите кај нас.

Искусните новинари во нивните анализи коментираат дека постои индиферентност од општеството за претстојните избори.

„Катимерини“ пишува дека и коронавирусот ќе има „свој придонес“ во изборниот резултат, со оглед на зголемениот број заразени и додава дека „рамнодушноста на општеството и стравот од Ковид-19 создаваат услови за голема неизлезност во среда“.

Додека пак викенд изданието на „Ефимерида тон синдактон“ пишува дека „е непознато како ќе реагираат гласачите, кои изгледаат веројатно рамнодушни кон овие избори“.

Грчките весници, во анализите го споменуваат и Договорот од Преспа, односно дали и колку изборите би влијаеле врз решението со Грција.

-Ќе зависи ли судбината на Договорот од Преспа од изборите во среда? Динамичен негов пресврт не се регистрира во општеството и гласачкото тело, ниту опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ – која во Собранието има изјавено дека ќе го поништи, не го споменува толку често, пишува „Катимерини“.

-Иако Договорот од Преспа не доминираше во предизборната кампања, изборот на ВМРО-ДПМНЕ би влијаел врз темпото на спроведувањето на договорот, кој сепак е поврзан со процесот на интегрирањето на земјата во ЕУ, перспектива, која ниту една партијата во соседната земја не сака да ја загрози или стави во прашање, пишува „Ефимерида тон синдактон“, пренесе МИА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here