Во градинките засега има слободни места, тврди министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, а доколку дојде до ситуација да се пополнат сите постоечки капацитети општините имаат препорака да обезбедат алтернативни решенија за сместување на дечињата. Меѓу алтернативните решенија таа спомена училници, дом на култура, објекти кои биле конкретно наведени во препораката до општините.

И покрај одлуката на Владата родителите на деца до шест години да се вратат на работа и да се прекине породилното отсуство, Шахпаска вели дека слободни места има и според нивните анализи имало родители кои ги запишале своите деца во градинка, но не ги носат.

-Нашата анлиза говори дека има запишани деца во градинка кои родителите не ги носат. Испратен е допис до градинките да ги контактираат родителите на тие деца за да се ослободат места кои на некои родители им се неопходни, рече Шахпаска.

Порача дека будно ја следат здравствената состојба на децата и вработените и согласно епидемиолошката слика и во координација со другите институции ќе ги преземаат следните чекори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here