Загрижениот патриот Никола Груевски деновиве е повторно доста активен на социјалните мрежи. Де дели совети за економија, де дели лекции по историја. Неговите поддржувачи нормално се тука за повторно да го повикаат да се врати, иако тој веројатно чека некои подобри времиња кога би можел да се врати во татковината. Но нејсе, сигурно не му е лошо и во Будимпешта. Туку го праша ли некој човекот кога планира да донира за своите сограѓани. Еве секој втор ден излегува со нов фејсбук статус во кој изразува загриженост за состојбата во која се наоѓаме.

Па дај бе човече пушти срце! Донирај некој денар за твоите граѓани, донирај нешто за да вкусат и они од колачот. Не е ферски вака преку фејсбук статусчиња да си даваме поддршка само. Убаво велиш, добро е ние како држава сами да создаваме и да не молиме никого за помош, ама доцна тебе ти текна на тоа. За тоа си ти најмногу виновен. Никој друг политичар не забега до тој степен да фрли 600 милиони евра во споменици и склуптури. Еве, видовме дека тие ниту ќе не нахранат, а богами ниту нови болници и реформирано здравство ќе ни донесат.

Патем, човекот кого го прогласуваше за најдобар министер во твојата влада, оној твојот имењак даде јавно поддршка на менаџирањето на коронакризата од страна на министерот за здравство и институциите. И тој некако не се согласува со твоите ставови. Т.е всушност прашањето е има ли некој кој уште ти верува, освен оние напатени душички кои си ги вработил во удбони држави фотељи и не сработиле ништо надвор од тоа во своите животи.

Доволно е Никола. Знаеме дека си паметен. Знаеме дека си загрижен. Докажи. Прати донација на македонското здравство, докажи им на граѓаните дека се грижиш за нив со дела, а не само со зборови!

Автор: Симон Митроски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here